
Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше најбрз на утринската сесија на последниот ден од претсезонските тестирања во Формула 1 во Бахреин.
Втор, со 0,077 секунди заостанување, беше Андреа Кими Антонели, 18. годишниот дебитант кој го зазеде местото на Луис Хамилтон во Мерцедес, а трет е Ландо Норис од Мекларен. Четирикратниот бранител на титулата Макс Верстапен од Ред Бул го постигна четвртото најбрзо време.
Денеска е третиот и последен ден од предсезонските тестирања. Првата трка од сезоната во Формула 1 е Големата награда на Австралија во Мелбурн, која е закажана за 16 март.