Лука Петровиќ е ново име во МКК Куманово

115

Во очекување на продолжението на домашното кошаркарско првенство овој викенд, екипата на МКК Куманово која моментно е на 3. место на табелата се засили со 28-годишниот кошаркар, Лука Петровиќ (197см-93кг).

Новото засилување за кумановски доаѓа од босанскиот прволигаш Јахорина, каде оваа сезона имаше просек од 7,5 поени по натпревар.

Претходно тој две години играше во Новосибирск во руската Суперлига 1. Беше член на српската репрезентација до 16 години во 2013 година.

ПретходноМурињо со тужба до Галатасарај
СледноБарселона за двојно помала сума го продаде Роке