Средниот блокер на шампионот Струмица и на македонската одбојкарска репрезентација, Филип Маџунков. беше успешно опериран по повредата на коленото која ја заработи на дербито во домашното првенство против екипата на Штип УГД. Станува збор за повреда на менискус која е санирана вчера, а веќе од денеска Маџунков го почнува и процесот на рехабилитација.
„Добар сум. Операцијата помина во најдобар ред. Сега доаѓа периодот на рехабилитација и се надевам се ќе оди како што треба“, ни изјави Маџунков.
Нашиот среден блокер се надевам дека успешно ќе се рехабилитира во брз временски период, за околу 6 недели.
„Според лекарите, процесот на заздравување треба да трае околу 6 недели. Потоа останува полека да ја враќам формата и се надевам дека до репрезентативните настапи ќе бидам подготвен да се вратам во дресот на Македонија“, дополни Маџунков.