Белгискиот голман со српско потекло, Миле Свилар, ќе добие нов договор со неговиот актуелен клуб, Рома. Ова го пренесуваат медиумите во Италија додавајќи дека на Олимпико се исклучително задоволни од формата на Свилар и пријатно изненадени. Тој реално беше доведен како алтернатива за ветеренот Руи Патрисио, но наместо тоа Свилар застана на голот и никогаш не се помдрна од него што се вели.
Па така, Рома во налетот на добрите резултати во последно време сезонава, се решава да го награди Свилар со нов четиригодишен договор.
Со истиот Свилар во голема мера го решава прашањето на кариерата, затоа што не наоѓа во најдобрите голмански години. Во исто време платата која што ја прима во моментов ќе биде околу три милиони евра.