Тешко дека, се разбира продолжи со слабите резултати, Тиаго Мота и наредната сезона ќе го предводи Јувентус.Фановите не го кријат своето разочарување и игрите на Јуве оваа сезона, аналитичарите исто така ја критикуваат работата на Мота, а раководството на клубот, барем засега, му дава поддршка.
Инаку во медиумите веќе се навестуваат кој се би можел да го наследи Мота на клупата на гигантот од Торино. Тоа е четири имиња, но да тргнеме по ред.
Џанпјеро Гасперини, сегашниот стратег на Аталанта, кој навести дека ова му е последна сезона на клупата на клубот од Бергамо. Потоа Хрватот Игор Тудор, како и Антонио Конте. Ова се тројцата фаворити, сепак некако срамежливо се наговестува дека нема да биде изненадување ако Роберто Манчини седна на жешката клупа на Јуве.