Рош и Мениго за посилен Работнички, Гостивар се засили со Србин, Пелистер го промовираше Американецот Галовеј

96

Репрезентативната пауза во кошарката, домашните екипи очигледно ја искористија за да дополнително скаутираат, а потоа и доведат странски засилувања. Актуелната сезона е во полн ек, па клубовите очигледно сметаат дека ова е моментот да се доведе уште некое ново име со кое ќе се пополнат „дупките“ во тимот.

Па така, тимот на Работнички е посилен за Џулијан Рош и Кори Мениго, играчи кои што „оперираат“ под кошевите. Се работи за интернационалци од Канада и САД.

Од друга страна пак, Вук Ѓорѓевиќ е нов играч на тимот на Гостивар. Интернационалецот од Србија последно настапувал за тимот на Докса од Грција.

Конечно, тимот на Пелистер предмалку се пофали дека потпишал договор со Американецот Џонатан Галовеј, 209 сантиметри висок кошаркар кој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Трајковиќ.

Последен клуп на Галовеј е Пеќ во шампионатот на Косово, а 28-годишниот центар има богато искуство од клубови ширум Европа, откако претходно има настапувано и во Чешка, Швајцарија, Кипар, Финска, Турција…

ПретходноСтоилов од Бугарија и Лирика од Косово победници на Шарпланинскиот куп
СледноЛазаров го направи изборот за двомечот со Словенија