Судии за 21. коло ПМФЛ: Стојанче Трпчевски на дербито Силекс – Струга ТЛ

530

Предмалку од страна на ФФМ беше објавено и делегирањето на судиите за претстојното 21. коло во ПМФЛ шампионатот кое се игра викендов. Истото стартува со дуелот помеѓу Вардар и Беса кој се игра утре на Арената Тодор Проески во Скопје, а сите останати дуели се закажани за в недела. Овој дуел му е доделен на Јован Качевски.

Што се однесува пак до останатите мечеви, на дербито кое што се игра в недела во Кратово, и на кое што ќе се сретнат домаќинот Силекс односно актуелниот шампион, екипата на Струга ТЛ, правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

21. коло ПМФЛ

Сабота 01.03.2025

Вардар – Беса

(Јован Качевски – Струга)

Недела 02.03.2025

Шкендија – Тиквеш

(Бафтир Фатмир – Охрид)

Силекс – Струга ТЛ

(Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Гостивар – Работнички

(Игор Стојчевски  – Скопје)

Воска – Брера

(Благојче Ралевски – Битола)

Шкупи – Пелистер

(Игор Иванов – Велес)

 

ПретходноМиле Свилар добива нов договор во Рома
СледноСтоилов од Бугарија и Лирика од Косово победници на Шарпланинскиот куп