УЕФА го суспендираше судијата „наркоман“

308

Сега веќе екс премиерлигашкиот судија, Дејвид Кути е суспендиран од страна на УЕФА и нема право да биде дел од било каков организиран фудбал до 2026 година. Кути и стана познат на пошироката јавност кога излезе видео снимка како конзумира кокаин, и на истата како го навредува тогашниот менаџер на Ливерпул Јирген Клоп.

Неговиот договор со професионалната организација на арбитри на Велика Британија беше раскинат од претходно поради скандалот, а сега целата ситуација добива и завршница.

Оваа организација веднаш се огради од него, коментирајќи дека неговото однесување е недопустиво.

Конечно, тој за очигледно одредена сума на пари, неодамна даде опширно интервју во кое изнесе детали за целата ситуација и патем прзна дека е хомосексуалец.

 

ПретходноИгор Котевски на клупата на Радовиш
СледноАлаклоид убедлив, Пролет издржа само една полувреме во Автокоманда