Хутер најбрза на денешниот спуст

22

Кони Хутер од Австрија денеска го освои првото место на спустот одржан во скијаќкиот центар Квитфел.

Таа мина прва низ целта со време од 1:31:46, додека пак на втората позиција се пласираше Ема Аичер од Германија. Нејзиното заостанување беше 15 стотинки, додека пак трета на пиедесталот се искачи Бризи Џонсон со заостанување од 40 стотинки.

Во генералниот пласман сеуште неприкосновена со повеќе од двеста бода предност е Федерика Брињоне со 1044 бодови, додека Лара Гут Бехрами е втора со 831 поен.

Трета е Зринка Љутиќ со  753.

ПретходноОва се можните наследници на Тиаго Мота на клупата на Јуве!
СледноВалверде е дефинитивно во „аут“ за дуелот со Бетис