Како што јавуваат медиумите во Србија, тимот на Црвена Звезда в недела на дуелот против тимот на ИМТ на домашен терен во рамките од новото коло во домашниот шампионат е подготвена да сруши рекорд.
Поточно, да испрати на терен најмлад голманво историјата на клубот, а и воедно во целата лига. Се работи за Саво Радановиќ кој што денеска полни 16. години па на голот на Звезда ќе дебитира со 16. години и два дена.
Што се однесува до самиот клуб, Радановиќ ќе го мине досегашниот рекордер Иван Илиќ кој што бранеше со 16. години и 15 дена, додека пак Лука Илиќ од ОФК Београд е на државно ниво рекордер со 16. години и седум дена.
Сега веќе светски познатиот напаѓач, Душан Влаховиќ е трет на оваа листа, кога со 16. години и 24 дена дебитираше за Партизан.