Барселона го објави договорот со Палмеирас за продажба на младиот Витор Роке, кој никако не успеа да се снајде во дресот на Каталонците. Според информацијата, 20-годишниот напаѓач потпиша договор со новиот тим до крајот на 2029 година.
Според Фабрицио Романо, Каталонците ќе добијат 25,5 милиони евра, а уште 5 милиони се обезбедени во форма на бонуси. Роке и се приклучи на Барселона на почетокот на 2024 година. За него беше објавено дека се платени 30+31 милион евра.