Како бомба одекна веста дека Барселона и тоа како била заинтересирана за Хулиан Алварез, напаѓачот на Атлетико Мадрид. По веста дека Хоан Лапорта и Деко би можеле да го доведат Дарвин Нуњез од Ливерпул на лето, фановите на каталонската гордост не го криеја своето разочарување, но затоа оваа вест за Аргентинецот од Атлетико и тоа како ги воодушеви, посебно ако се знае дека во лудото реми од 4:4, токму Алварез постигна гол против Барса во 47 секунда.
Од друга страна треба да се знае дека Атлетико Мадрид нема така лесно да се откаже од својот напаѓач. Диего Симеоне инсистираше тој да дојде од Манчестер Сити, тој го смета Хулијан за своја прва ѕвезда, но исто така има договор до 2030 година.
За него беше платено 75 милиони евра на Сити, ама Барселона има намера да понуди 100 милиони евра како во јуни би донела одличниот Хулиан Алварез.