Валенсија се продава за 400 милиони евра

225

Тимот на Валенсија за кој што во моментов настапува нашиот репрезентативец голман, Столе Димитриевски е во големи проблеми. Има сериозна задача пред себе да обезбеди опстанок сезонава, или пак во спротивно да му се случи дебакл и испаѓање на еден од клубовите кој не така одамна беше во топ пет екипите во Шпанија.

Сепак, откако во 2014 година сопственик на клубот стана сингапурскиот бизнисмен Петер Лим, Валенсија е во постојан резултатски пад. Сега, откако ѓаволот ја однесе шегата и Валенсија има проблем и да опстане во Примера, под притисокот на јавноста и анвивачите, Лим е подготвен да го продаде клубот.

Тој има во посед повеќе од 90% од акциите и за истите да ги одстапи бара цели 400 милиони евра. Дали ќе се најде купец за клубот кој што во минатото беше на двапати и финалист во Лигата на Шампионите останува да видиме.

 

ПретходноЦрвена Звезда в недела ќе настапи со 16.годишно дете на голот
СледноБосна има нов претседател на фудбалската федерација