Конте: Треба да уживаме во битката за титулата, а не да подлегнуваме на притисокот

52

„Фудбалерите на Наполи треба да уживаат во битката за титулата во Серија А и да не подлегнуваат на притисокот“, изјави тренерот на наполитанците, Антонио Конте пред пресметката со лидерот Интер.

Наполи има 56 бода од 26 натпревари и заостанува еден бод зад Интер.

„Без разлика на пласманот, очекував Наполи да почне да се обликува со стил на игра по седум месеци работа. Тоа што сме на оваа позиција треба да не исполнува со гордост, но тоа не треба да нè притиска. Како што им кажав на момците, понекогаш притисокот може да биде позитивен, понекогаш негативен. Затоа постојано им велам на играчите да уживаат во овој момент. Ја заслуживме оваа позиција во поредокот со нашата напорна работа. Генерално, натпреварот има влијание врз пласманот бидејќи има три бода на располагање и има многу додадени тимови блиску“, вели Конте.

ПретходноБаварската машина со победа во Штутгарт се зацврсти на врвот