Утринава се одиграа неколку натпревари во НБА. Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот, одигра уште еден маестрален меч. Србинот забележа уште еден трипл-дабл, 32 поени, 14 скокови и 10 асистенции, но сепак и ова не беше доволно за да се победи силниот Милвоки. Ова беше негов 27-ми сезонава. Денвер беше поразен од тимот на Јанис со 121:112.
Адетокунбо исто така беше одличен, и заедно со Лилард му ја донесоа победата на составот на Бакси.
Уште еднаш, Јокиќ одличен ама останатите во Денвер не беа на ниво.
Фантастичниот Стеф Кари за Голден Стејт против Орладно успеа да забележи фантастични 56 поени и беше убедливо најдобриот на мечот против Орландо. Имаше 19 обиди за шут за тројка и 12 реализации. Секако дека Голден Стејт победи со 121:115.
ЛА Лејкерс славеа против Минесота со 111:102. Леброн Џејмс заврши со 33 поени и 17 скокови, додека Лука Дончиќ запиша 21 поени, 13 скокови и 5 асистенции.
На останатите мечеви Далас го победи Шарлот со 103:96, а Њу Орлеанс беше подобар од Феникс со 124:116.