Сензационално: Влаховиќ во Интер, Тирам во ПСЖ?!

448

Како што се чини Душан Влаховиќ и дефинитивно по завршувањето на сезоната ќе го напушти Јувентус. Тоа е желба на Јуве, тоа е желба и на Србинот кој сеуште има договор со гигантот од Торино.

Денеска „Тутомеркато“ лансираше вест дека Влаховиќ би можел многу лесно во јуни да се пресели во лутиот ривал, во Интер. Секако дека тоа би било мега засилување за шампионот на Италија. Сепак за да се оствари овој трансфер, зависи многу и од Маркус Тирам, сегашниот шпиц на тимот од Милано.

Имено ако Тирам и Интер ја прифатат понудата на ПСЖ, која во најмала рака е баснословна, тогаш раководството на “неро-аѕурите“ нема да имаат никаков проблем да го купат Влаховиќ. “Светците“ од Париз и тоа како би сакале да го ангажираат напаѓачот на репрезентацијата на Франција кој во Интер просто блеска. 

Од друга страна треба да се каже дека за Србинот има интерес од клубови во Премиерлигата, како и од Фенербахче.

ПретходноГолемо благодарам од ЦСКА Москва за Ц. Звезда! (ФОТО)
СледноТео Ернандез се сели во Манчестер Сити?!