Откако се одиграа две пролетни кола и завршија сите можни рокови за регистрирање на нови играчи, странци или домашни, по обичај да се осврнеме на вредноста според “Трансфермаркт“ на нашите клубови и играчи во моментов во ПМФЛ.
Веќе година и повеќе Шкендија го нема најскапиот или највредниот тим во ПМФЛ. Тоа е шампионот, тимот на Струга ТЛ кој оваа сезона не игра на своето ниво, но сепак играчите на овој тим вкупно се највредни со 5.110.000 евра. Втота е Шкендија со 5.080.000 евра, па следуваат Гостивар, Работнички, Вардар кој рапидно скокна за разлика од есенскиот дел. Тоа е поради одличниот зимски преоден рок, кој секако дека се пресликува врз игрите и резултатите.
Инаку вкупно ПМФЛ вреди 41.113.000 евра
ОВА Е ТАБЕЛАТА НА КЛУБОВИТЕ
1.СТРУГА ТЛ 5.110.000 ЕВРА
2.ШКЕНДИЈА 5.080.000
3.ГОСТИВАР 4.160.000
4.РАБОТНИЧКИ 4.025.000
5.ВАРДАР 4.010.000
6.СИЛЕКС 3.940.000
7.ШКУПИ 2.810.000
8.БЕСА 2.670.000
9.ПЕЛИСТЕР 2.550.000
10.ТИКВЕШ 2.370.000
11.ВОСКА 2.310.000
12.БРЕРА 1.890.000
Кога сме кај играчите поединечно, од тие 287 играчи кои се регистрирани во нашите 12 клубови во ПМФЛ, Ли Ервин (Шкотска), напаѓач на Гостивар е најскап со 700.000 евра. Значи нема ниту еден што вреди милион евра или повеќе.
ОВА Е ТАБЕЛА НА 15 НАЈСКАПИ ИГРАЧИ
Ли Ервин (Гостивар) 700.000 евра
Клисман Цаке (Шкендија) 600.000
Аденис Шаља (Шкендија) 500.000
Р. Рамадани (Шкендија) 400.000
Рашид Садик (Работнички) 400.000
Валон Ахмеди (Работнички) 400.000
Хоган Укпа (Струга ТЛ) 400.000
Ланре Кегхинде (Струга ТЛ) 400.000
Марјан Радески (Струга ТЛ) 400.000
Марко Ѓорѓиевски (Силекс) 400.000
Мартин Георгиевски (Брера) 400.000
Ѓорѓије Јанкулов (Вардар) 350.000
Мато Роџерс (Вардар) 350.000
Емануел Мбенде (Гостивар) 350.000
Бојан Илиевски (Струга ТЛ) 350.000