Преполовена казната на “Специјалниот“!

238

Турскиот фудбалски сојуз денеска соопшти дека му е преполовена казната на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо. Па така место четири меча суспензиј, “Специјалниот“ ќе биде во аут само два меча. Исто така и паричната казна му е драстично намалена на Португалецот. Тренерот на Фенер требаше да плати 44.000 долари, но сега ќе плати само 15.000 долари.

Инаку познато е дека по големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче, кое се одигра минатата недела, следуваше хаос. Секој секого обвинуваше од спротиставените табори, како што е и вообичаено кога станува збор за овие два тима.

Галата го пријави тренерот на Фенер поради расизам, но и за влегување во соблекувалната на судиите.

Се ова заврши со суспензија на Мурињо на два меча и 15.000 долари.

ПретходноБраво: Младата Ведрана Тунески со златен медал на Г1 Бугарија Опен! (ВИДЕО)
СледноЧаир го декласира ТФТ!