Јокиќ ги „збриша“ Пистонс со брутален трипл-дабл, Дончиќ и Леброн се незапирлив тандем (ВИДЕО)

538

Никола Јокиќ одигра уште едена одличен меч и ефективно ги предводеше Денвер Нагетс до убедлива победа над Детроит (134-119). Српскиот центар забележа импресивен трипл-дабл од 23 поени, 17 скока и 15 асистенции, покажувајќи сестраност во сите аспекти на играта.

Јокиќ неодамна се врати на првото место на ранг-листата за најкорисен играч во НБА, награда која досега ја има освоено три пати. Со просек од 29,1 поени по натпревар, 12,7 скока и 10,5 асистенции, тој е водечки кандидат за четврти пат да стане МВП на регуларниот дел од сезоната во најсилната кошаркарска лига.

Пистонс ставија крај на најдолгата активна победничка серија во лигата. До моментот кога Јокиќ и Нагетс пристигнаа во градот, тие имаа триумфи на осум натпревари по ред, исто како и Кливленд Кавалирс. Кавси синоќа го победија Бостон со 123-116 и ја продолжија победничката серија на деветти натпревар.

Четворица играчи на Денвер постигнаа повеќе од 20 поени, а заедно со Јокиќ најдобар беше Џамал ​​Мареј со 31 поен.

ЛА Лејкерс го доби градското дерби со Клиперси (106-102) запишувајќи ја петтата победа во низа или деветата победа во последните 11 меча. Прво име кај победникот беше Лука Донќиќ, кој имаше 31 поен, зад него Леброн Џејмс имаше 28 поени и 13 скока.

На останатите средби, Атланта беше поразена од Оклахома со 119-135, Бостон загуби од Кливленд со 116-123, Бруклин запиша нов пораз, на домашен терен беше совладан од Портланд со 102-121, Торонто по продолжение беше поразен од Чикаго со 125-115, Њујорк славеше кај Мемис со 114-113, Мајами беше подобар од Индијана со 125-120, Јута ја совлада Минесота со минимални 117-116.

ПретходноКонте: Треба да уживаме во битката за титулата, а не да подлегнуваме на притисокот
СледноПМФЛ: Вардар оди по трите бода!