Александар Стефанов е новиот претседател на РФМ

225

Александар Стефанов во следните четири години ќе биде на чело на Ракометната Федерација на Македонија. Тој доаѓа на местото на Живко Мукаетов, кој беше претседател на „куќата на ракометот“ во претходните 12 години.

На Изборното Собрание беа присутни 48 делегати од вкупно 51. На претседателската функција дојде со акламација.

Стефанов доаѓа од тимот на Бутел Скопје, а некое време беше дел од Управниот одбор на РФМ, па имаше шанса од лице место да учи од најуспешниот претседател на Ракометната федерација, Мукаетов.

Стефанов ќе наследи федерација во која стандардите се поставени на високо ниво, негова задача ќе биде истите да ги задржи и да успее да го продолжи трендот на редовни учества на Македонија на големите натпреварувања, како и да се погрижи ракометот да остане спорт број еден.

Стефанов кој е поранешен ракометар, по професија е правник, и е дел од Управниот Одбор на Фабрика Карпош.

„Јас сум 26 години во ракометот, дел како играч, дел како дел од Бутел Скопје, Ракометот ми претставува и ќе ми претставува во иднина најголема пасија и мотив да продолжиме за унапредување и промоција на ракометот во иднина.

Сакаме да направиме чекор напред, да изградиме систем за сите категории. Во мојата програма има неколку основни столба, за да имаме една здрава основа, да поработиме на инфраструктурата, изграда на спортски центар, ракометен дом, кој ќе ги згржи сите национални тимови, клубови, кои ќе имаат потреба од сала за настап и во еврпски рамки.

Промоција на ракометот, пред се на женскиот ракомет, кој има простор и можност за развој. Нашта цел е да ги привлечеме младите деца, формирање на мини-лига за ракомет под покровителство на ЕХФ за деца од 8 до 12 години“, се обрати на присутните Александар Стефанов. 

Новиот претседател на РФМ ќе биде шести во историјата, а покрај Живко Мукаетов (2013-2025), со функцијата раководеа Михајло Михајловски (2008-2013), Трифун Костовски (2003-2008), Душко Кадиевски (1999-2003) и Иван Бојков (1989-1999).

ПретходноМукаетов: Ракометот бил, è и ќе остане македонска гордост, а тука, треба да се исклучат секакви импровизации, освен најдоброто.
СледноНовиот претседател на РФМ порача: Заедно да се залагаме ракометот да остане спорт број 1