Бетис ги урна “кралевите“, прв пораз на Дон Карло од Пелегрини!

138

Уф, каков пораз, каков кикс на Реал Мадрид вечерва на гости кај Бетис на стадионот “Бенито Виљамарин“ во Севиља. Домашниот состав со херојска игра успеа да слави над “кралевите“ со 2:1. На ваквиот резултат секако дека пресреќни се сите и во Барселона и во Атлетико Мадрид.

Инаку ова е прв пораз во кариерата на Карло Анчелоти од Мануел Пелегрини и прва победа на Бетис по цели пет години.

Секако дека ова е и тоа како слатка одмазда на Мануел Пелегрини, стратегот на Бетис, ако се знае на кој начин пред неколку години беше избркан од Дон Флорентино Перез од тренерската клупа на “кралевите“.

Интересно, Реал поведе со голот на Диаз во 10.минута, се мислеше дека тоа ќе биде рутинска победа на “кралевите“, ама така не мислеа домашните кои со головите на Кардосо и Иско, исто некогашен член на Реал, во 34. и 54.минута за пресврт и голема победа. Победничкиот на Иско беше од пенал, сега јасно е дека се очекува реакција од страна на клубот од Мадрид.

ПретходноПромените се случуваат: ФФМ со нов спонзор, Федерацијата добива десетина возила!(ВИДЕО)
СледноПелистер го демолира Шкупи (ФОТО)