Бутел Скопје и ГРК Охрид со убедливи победи

60
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Екипата на Бутел Скопје дојде до важна победа во рамките на 20 коло во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Борец со 35-27. По поразот на Тиквеш од Вардар, избраниците на Горан Кузманоски имаат ист број на бодови колку и кавадарчани (22).

Димитар Узунчев имаше 9 гола кај победникот, додека Тодор Узунчев шест. Кај гостите Миланов имаше шест погодоци.

Гостите беа рамноправен противник само едно полувреме, по првите 30. минути резултатот беше 15-14. По одморот, Бутел Скопје заигра на поголемо ниво и дојде до позитива. Со серија од 4-0 поведе со 25-21, а потоа го зголемуваше водството.

ГРК Охрид ја оправда улогата на фаворит против Куманово, на домашен терен славеше со 38-20. Победникот на оваа средба беше решен за кратко време, а домашниот тим на одморот замина со водство од седум гола (16-9). Во продолжение, ГРК Охрид имаше рутинска задача.

Костов со 10 гола беше прв стрелец, зад него беше Јотиќ со седум погодоци. На другата страна Димевски запиша седум гола.

ПретходноОва е старт за во ЗАТВОР! (ВИДЕО)
СледноПрилеп ја доби драмата со Струга