Без посериозни проблемии со тотална доминација во второто полувреме, ракометарите на Вардар ја прокнижија и петтата последователна победа во домашниот ракометен шампионат. На домашен терен „црвено-црните“ денеска славеа над Тиквеш со 39:27 и со тоа се израмнија на врвот на табелата со Алкалоид.
Тиквеш се чини имаше сили само за едно полувреме во Скопје. Гостите од Кавадарци се обидуваа рамноправно да му парираат на фаворитот во првите 30 минути, кога успеаја да останат на само 4 гола негатива. Во вториот дел Вардар ги презеде конците во свои раце, ја искористи доминацијата во играта во напад и просто речено, ја наполни мрежата на гостинската екипа.
Горига и петриќ со по 6 гола беа најефикасни во редовите на Вардар.