ВМФЛ: Брегалница на гости кај Саса, Победа го пречекува лидерот, ќе биде „жешко“ во Куманово

131

Попладнево од 14 часот на програмата се сите осум средби од 18.коло во Втората лига. Двете првопласирани екипи на табелата ги чекаат незгодни гостувања. Македонија ЃП ќе гостува под Маркови Кули во Прилеп каде се среќава со Победа. Ова некогаш беше големо дерби во ПМФЛ. Штипските “сини“ ќе играат со Саса и тоа во Турново. Познато е дека клубот од Македонска Каменица е казнет, па затоа ќе мора своите натпревари да ги игра надвор од својот град.

Дербито на колото се игра во Куманово каде третопласираниот тим на Башкими го дочекува четвртиот на табелата, тимот на Арсими. Екстра значаен меч за двете екипи, екстра значајни бодови, можеби и пресудни.

На останатите средби се среќаваат Вардар (Н) – Скопје, Осогово -Кожув, Вардарски – Детонит, Новаци – Борец.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Неготино: Вардар (Н) – Скопје

Кочани: Осогово – Кожув

Богданци: Вардарски – Детонит

Турново: Саса – Брегалница

Новаци: Новаци – Борец

Прилеп: Победа – Македонија ЃП

Куманово: Башкими – Арсими

Охрид: Охрид – Беласица

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 41, Брегалница 37, Башкими 36, Арсими 33, Саса 28, Скопје 26, Детонит 26, Кожув 26, Охрид 25, Беласица 22, Новаци 19, Победа 18, Вардар (Н) 17, Осогово 9, Борец 6, Вардарски 5

ПретходноУЕФА го казни Реал Мадрид поради Гвардиола
СледноАртета се пресече, на Емирати доаѓа „кралот“ на асистенциите