Попладнево се одиграа сите осум средби од 18.коло во ПМФЛ. Победа на свој терен го приреди најголемото изненадување победувајќи ја Македонија ЃП со 2:1. Навистина интересен резултат.
“Лавовите“ поведоа со голот на Дошев, но затоа Кофилоски и Димоски со целосен пресврт им донесоа победа на домашните.
Саса со 4:0 просто ја декласира Брегалница. Таневски, Симевска двапати и Голубов стрелаа за голема победа на тимот од Каменица.
Во дербито во Куманово, Башкими со 2:1 успеа да слави над Арсими и да освои големи три бода во битката за пласман во елитата. Сега кумановци се втори а Брегалница трета.
РЕЗУЛТАТИ – 18.КОЛО
Башкими – Арсими 2:1
Осогово – Кожув 0:0
Победа – Македонија ЃП 2:1
Саса – Брегалница 4:0
Охрид – Беласица 2:1
Вардарски – Детонит 1:4
Вардар (Н) – Скопје 2:0
Новаци – Борец 1:1
ТАБЕЛА
Македонија 41, Башкими 39, Брегалница 37, Арсими 33, Саса 31…