„Војна“ во Реал: Винисиус го шокираше Дон Карло! Италијанецот ова никогаш не го доживеал!

7204

И дефинитивно Винисиус Жуниор се прикажа во она свое светло, за кое целиот фудбалски свет го знае, само не и тие во Реал Мадрид и неговите фанови.

Бразилецот на мечот со Бетис го направи она што никако не смееше да го направи. Дали во Реал Мадрид има “војна“ на релација Вини – Дон Карло.

Италијанецот веќе три децении е тренер и тоа еден од најдобрите во историјата, но денешниот ден и мечот со Бетис ќе го запамети и не само поради поразот.

Имено во еден момент, додека стоше покрај аут – линијата Дон Карло му даде совет на Бразилецот малку повеќе да биде енергичен и да ја менува левата позиција со својот соиграч Брахим Дијас.

На тоа Вини му одговoри: „Ај, не ме гњави“.

Секако дека по ова сега на потег е првиот човек на “кралевите“ Флорентино Перез.

А убаво “Марка“ му сугерираше пред извесно време…

Време е да го продадеш, Вини е проблем а не решение“.

Претходно“Метрополитано“ го слави Алварез! Сега Атлетико Мадрид е лидер во Ла Лига!(ВИДЕО)
СледноАморим: Критиките лошо влијаат на фудбалерите, им треба помош!