Гостите доминираа во Бундеслигата: Мајнц го шокираше Лајпциг, Борусија (Д) врза две победи

44

Со голем пресврт во второто полувреме екипата на Мајнц го изненаду Лајпциг и прокнижи победа од 1:2 за нови три бода со кои се најде на 4. место на табелата во Бундеслигата кое води во Лигата на шампионите. Упорните гости не се разочараа ни по раното водство на Лајпциг остварено со голот на Симонс во 1. минута на мечот, па трпеливо ја чекаа својата шанса.

Тоа се случи на стартот на вториот дел кога во 6 минути Мајц двапати ја погоди мрежата на Лајпциг. Најпрво Амири во 52. минута израмни на 1:1, а веќе во 58. минута Букхарт ги доведе гостите и до 1:2 што на крајот им донесе големи три бода од ова тешко гостување.

Борусија (Д) покажа дека не заборавила да победува. На гостувањето кај Ст. Паули, „жолтите“ славеа со 0:2 и по подолго време врза две победи во низа. Головите за триумф дојдоа во вториот дел преку Гираси и Адејеми.

Убедлива гостинска победа за Борусија (М) од 0:4 кај хајденхајм, додека Хофенхајм со 0:1 славеше кај Бохум. Голстинска победа обезбеди и Волфсбург кој со 1:2 го победи Вердер во Бремен.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноНавивачите на Милан им порачаа на газдите и директорите: „Сите да си заминете – недостојни!“
СледноОд следната сезона ново правило: Ако голманот ја држи топката 8 секунди, противникот добива корнер!