Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап (ВИДЕО)

91

Неверојатниот шведски атлетичар Арман Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап, откако на митингот во Клермон-Феран, Франција, прескокна шест метри и 27 сантиметри.

Минатата година Дуплантис трипати го собори светскиот рекорд, а со истото темпо продолжува и во новата година.

По фантастичниот скок и новиот светски рекорд, Дуплантис втрча во прегратките на сопругата, додека обожавателите во салата го славеа неговиот подвиг.

За потсетување, Дуплантис е двократен олимписки и светски шампион и трикратен европски шампион.

Инаку, секогаш кога ќе се собори некој светски рекорд, па дури и неговиот, тој добива награда од 100.000 долари.

ПретходноДефинитивно не се „мирисаат“ со Роналдо, Бензема гo покажа вистинското лице
СледноПМФЛ: Бадијала шансите и добрата игра, Вардар не успеа да ја пробие Беса! (ФОТО)