Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше пред натпреварот против Наполи во 27. коло од италијанската Серија А. Натпреварот е директна битка за првото место, а „нероаѕурите“ во пресрет на мечот ги водат наполитанците со само еден бод.
„Ќе се сменат многу работи, мораме на најдобар можен начин да поминеме низ тежок натпревар. Во големите натпревари не ни оди толку добро како претходните години. Мораме да бидеме перфектни“, изјави Инзаги.
Инзаги додаде дека Наполи е одличен тим кој постигна импресивни резултати оваа сезона.
„Наполи ја промени формацијата, има одлични играчи и одличен тренер, многу добро организиран. Тие точно знаат што да прават на теренот, со еден или друг систем, заслужуваат комплименти“, додаде Инзаги.
Дуелот меѓу Наполи и Интер е закажан со почеток во 18 часот. Интер има 57 бода, додека Наполи еден помалку.