Во првиот денешен натпревар од 27. коло на италијанската Серија А, Аталанта и Венеција одиграа нерешено во Бергамо со резултат 0:0. Со ова реми, Аталанта ја загуби борбата за титулата со Интер и Наполи, кои се среќаваат вечерва од 18 часот.
Домашните имаа поголем посед на топката и повеќе шанси, но Лукман денеска беше вистински трагичар, затоа што не искористи неколку „зицер“ ситуации.
Најдобрата шанса на Аталанта дојде во 83. минута, но и таа остана неискористена. Лукман биеше од само два-три метри и го промаши голот.
Аталанта сега има 55 бодови на третото место на табелата, два помалку од Интер и еден од Наполи, додека Венеција и понатаму е претпоследна со 18 освоени бодови.