Во супер – дербито на 27.коло во Серија А, вечерва на “Марадона“ во Неапол, Наполи и Интер одиграа 1:1. Тоа значи дека претендентите за титулата освоија само бод и со тоа ја продолжуваат битката за титулата. И натаму Интер има бод предност.
Одличен фудбал со многу интензитет и неколку шанси. Интер дојде во водство со магичниот гол од слободен удар на Димарко во 22.минута. Тоа беше гол за паметење.
И така беше се до 87.минута кога домашните се спасија од пораз со голот бнна Билинг. Нема што Интер беше многу блиску до победа, но сепак составот на Конте успеа да се спаси од пораз.
Federico Dimarco vs Napoli🎯
— AzzurriXtra🇮🇹 (@XtraAzzurri) March 1, 2025