“Метрополитано“ го слави Алварез! Сега Атлетико Мадрид е лидер во Ла Лига!(ВИДЕО)

443

Уште еднаш Хулиан Алварез, фудбалскиот мајстор, е херојот на Атлетико Мадрид. Вечерва во дербито на колото во Ла Лига, Аргентинецот со гол во 66.минута му донесе победа на тимот на Чоло Симеоне против Билбао со 1:0 и за прво место на табелата. Сега “јорганџиите“ имаат 56 бодови, Барселона е втора со 54, исто толку има и Реал Мадрид кој е третопласиран. Сепак Барса својот меч, против Сосиедад, од ова 26.коло ќе го одигра утре. Сепак и ова е доволно за славје на “Метрополитано“, за еуфорија на фановите на Атлетико Мадрид.

Од друга страна треба да се каже дека гостите од Билбао може да жали, имаше неколку шанси, па и зицери за победа, но јасно е фудбалското правило. Кога ќе се промашат толку шанси, противникот и тоа како те казнува.

ПретходноЧаир го декласира ТФТ!
Следно„Војна“ во Реал: Винисиус го шокираше Дон Карло! Италијанецот ова никогаш не го доживеал!