МЗТ Скопје не виде мака против Вардар!

44

Екипата на МЗТ Скопје по поразот од Гостивар на гостински терен пред Купот на Македонија и паузата, им се врати на победите во Првата лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен ја оправда улогата на фаворит против Вардар совладувајќи го со убедливи 88-66 во меч од 18 коло. Со новите бодови тимот од Аеродром ја здржа предноста пред останатите конкуренти.

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа добро прво полувреме по кое поведоа со 53-28, позитивата од 25 поени беше доволна за мирен финиш. На другата страна вардарци одиграа подобро во третата четвртина (21-19), но тоа не беше доволно за сериозно да му се заканат на фаворитот.

Миловановиќ имаше 16 поени и 6 скока кај победникот, Андоновски беше стрелец на 12, додека пак Магдевски и Петков запишаа по 11 поени. На другата страна Јилмаз имаше 13 поени.

ПретходноРајо Ваљекано испушти победа во финишот!
СледноОва е старт за во ЗАТВОР! (ВИДЕО)