Миовски стартер, Џирона одигра без победник против Селта

41

По подолга пауза од терените поради повреда, и два настапи од клупата, нашиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски денеска беше стартер во тимот на Џирона во првиот попладневен дуел од 26. коло на Ла Лига. Џирона одигра нерешено 2:2 против екипата на Селта, а Миовски доби 67 минути од тренерот на тимот, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Џирона поведе со голот на Циганков во 21. минута, по што Лосада во 36. минута израмни на 1:1. На стартот на второто полувреме гостите со гол од пенал поведоа со 1:2, а непосредно откако Миовски го напушти теренот, Џирона со голот на Ерера во 68. минута успеа да израмни на 2:2.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПМФЛ: Бадијала шансите и добрата игра, Вардар не успеа да ја пробие Беса! (ФОТО)
СледноВМФЛ: Победа го шокираше лидерот, Саса ја декласира Брегалница, Башкими славеше во дербито