Навивачите на Милан им порачаа на газдите и директорите: „Сите да си заминете – недостојни!“

97

Навивачите на Милан покажаа јасна огорченост кон сопствениците и директорите на клубот со поставување на транспарент пред канцелариите на клубот на кој пишуваше: „Сите да си заминете: недостојни“. Реакцијата на навивачите доаѓа по лошите резултати кои го загрозија учеството на „росонерите“ во Лигата на шампионите следната година.

Последните три натпревари беа особено лоши за Милан, почнувајќи од ремито 1-1 на домашен терен со Феенорд, што ги исфрли од Лигата на шампионите. Милан моментално е на осмото место на првенствената табела и пресметките покажуваат дека треба да има просек од 2,41 бод по натпревар доколку сака да ја заврши сезоната во Серија А со 70 бода.

ПретходноЛукман трагичар, Аталанта ја губи битката со Наполи и Интер
СледноГостите доминираа во Бундеслигата: Мајнц го шокираше Лајпциг, Борусија (Д) врза две победи