Од следната сезона ќе има ново правило во фудбалот, објави Фабрицио Романо.
Регулативата е веќе одобрена и е поврзана со голманите. Според новото правило, ако голманот ја држи топката повеќе од 8 секунди… судијата ќе досуди удар од аголот за противничката екипа. Ова правило е одобрено за следната сезона од Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB).
Според сегашните правила, секој голман може да ја држи топката со раце најмногу 6 секунди. Доколку истече времето, ќе биде досуден индиректен слободен удар во шеснаесетникот. Сепак, судиите речиси никогаш не го следат поради тешките последици, но кога ќе се воведат удари од корнер, се очекува тие да станат многу строги.
Новото правило е веќе тестирано.