ПМФЛ: Бадијала шансите и добрата игра, Вардар не успеа да ја пробие Беса! (ФОТО)

381

Во првиот меч од 21.коло попладнево на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Вардар и Беса одиграа без победник со резултат 0:0. Вардар може да жали зошто беше подобар, одигра уште еден добар меч, имаше и неколку шанси, но не успеа да ја пробие гостинската екипа, голманот Захов беше одличен.

Па така сега Вардар 17 бодови, а Беса 15.

Треба да се каже дека вардарци пред овој меч имаа само два дена пауза, ако се знае дека во средата играа куп меч со Силекс, додека Беса не играше и беше поодморна.

Сепак Вардар беше тој што беше поагресивен, повеќе ја сакаше победата, во второто полувреме имаше тотална доминиција, но не знаеше како да даде гол за победа.

ЗАКАРИЌ ОПАСНО СЕ ЗАКАНИ ДИРЕКТНО ОД КОРНЕР

Мирен почеток на мечот, како двете екипи да не сакаа безглаво да јуришаат кон противничкиот гол. Јасно беше зошто е така, ако се знае од какво резултатско значење беше овој меч и за Вардар и за Беса. Сепак Вардар беше тој кој што притискаше, но тоа беа контролирани напади, без да му се остави простор на гостинот од брзи контри да го загрози голот на Давор Талески.

Првата закана ја видовме во 18.минута, кога капитенот на Вардар, Закариќ директно од корнер за малку ќе донесеше радост, но голманот на Беса, Захов одлично реагираше.

На другата страна, две минути подоцна, Селмани шутираше над голо на Вардар.

Во периодот од две минути, во 24. и 26., Донгмо со удари од далечина се обиде да го изненади Захов, но не успеа.

Гостите преку Стојановски во 40.минута се обиде да го изненади Талески, но домашниот голман ја исконтролира целата ситуација.

Па така на пауза се замина со тие 0:0.

СИЛНА ИНИЦИЈАТИВА НА ВАРДАР, НО ГОЛ НЕМА, ПА НЕМА

И вториот дел почна како што заврши првиот, со теренска иницијатива на Вардар. Се тргна некако поодлучно во напад. Па така во 56.минута Закариќ од десно, шутираше или центрираше, тоа беше голема шанса, но немаше никој да ја спроведе во мрежата на Захов.

Во 64.минута одново можност за Вардар, Тодоровски убаво нафрли, но Омерагиќ не успеа со глава убаво да ја зафати таа топка.

Очигледно Вардар тргна со сите сили во напад, тренерот Седлоски направи неколку измени, како фрли се на една карта – нападот, но до 75.минута немаше гол на оваа средба.

Во 77.минута Донгмо убаво нафрли пред голот на гостите, но сепак Закариќ не успеа да ја зафати топката, ако ја зафатеше тоа секако дека беше гол. Останаа само воздишките за домашните.

Неколку минути подоцна Спахиу двапати закани, но Захов спасува.

Истиот играч во 88.минута повторно во шанса, но пак не успеа да погоди. И Тодоровско силно биеше, но пак тој Захов ја спасува Беса.

По истекот на 90+5.минута резултатот гласеше 0:0.

Да кажеме дека гостинскиот тим не беше предводен од стратегот Горазд Михаилов, кој беше на трибините, поради суспензија. Покрај аут линијата беше неговиот помошник Златко Ристов.

Утре од 14 часот се играат сите останати средби од 21.коло во ПМФЛ.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

ПретходноДуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап (ВИДЕО)
СледноМиовски стартер, Џирона одигра без победник против Селта