Полувреме: Вардар притиска кон голот на Беса, но мрежите мируваат на Арената!

210

Попладнево се игра првиот меч од 21.коло во ПМФЛ. По првите 45.минути на Арената, нема голови на средбата Вардар – Беса. Иницијатива на Вардар, многу тактика од двете страни, нема безглаво јуришање кон противничкиот гол. Јасно е зошто е така ако се знае од какво значење е оваа средба и за двете екипи. Сепак Вардар повеќе притискаше кон гостинскиот голман, но со контролирани напади.

Имаше неколку закани, како онаа во 18.минута кога Закариќ директно од корнер биеше под пречката на гостинскиот голман Захов, кој со интервенција го спаси својот гол.

Две минути подоцна на другата страна Селмани шутираше над голот на Талески. Во 24 и 26 минута Донгмо од далечина се обиде двапати да го изненади Захов, но при првиот пат гостинскиот голман добро одбрани, а во вториот биеше над голот на Беса.

Во 40.минута Влатко Стојановски се обиде да го изненади Талески, но домашниот голман ја исконтролира целата ситуација.

ПретходноРодри со шанси за брзо закрепнување
СледноДефинитивно не се „мирисаат“ со Роналдо, Бензема гo покажа вистинското лице