Прилеп во неизвесна завршница го совлада тимот на Струга со 24-23 во последниот меч од денешната програма од 20. коло во Супер-лигата. Победникот се решаваше во последната минута и пол, а херојот на домашниот тим е Илиески.
Листата на стрелци кај победникот ја преводеа Шабановиќ и Квастек со по пет гола, кај гостите Стојков постигна 10 гола недоволно за најмалку реми.
Домашниот тим ја имаше контролата на резултатот во првото полувреме, поведе со 6-3, беше и 11-8, а некаде пред одморот дојде на плус 4 (14-10). На другата страна гостите со два гола низа намалија на 14-12 и најавија интересна битка во второто полувреме. Така и беше, стружани успеаја да се вратат во мечот, па дури и да поведат на момент (18-19). Од овој момент се играше гол за гол, на минута и пол до крајот беше 23-23. Божидар Илиески постигна победнички гол 24-23, додека на другата страна гостите не се снајдоа барем за реми.
За Прилеп ова е седма победа оваа сезона, има две ремија и 11 порази, на другата страна Струга го запиша 17 пораз, има и три победи.