Откако вчера раководството на ФК Вардар со официјално соопштение се произнесе дека поради пиротехниката на “Комити“ на мечот со Шкупи, треба да се плати казна од 2.500 евра на ФФМ, тие имаа своја реакција.
Денеска на таа нивна реакција првите луѓе на Вардар возвратија со фактурата која треба секако да се плати и повторување на ставот дека таквото “навивање“ директно ги оштетува фудбалерите на клубот. Имено како илустрација, за еден натпревар, за користење на Арената се плаќа 145.258 денари, а казната е 153.750 денари. Јасно е дека поради употребената пиротехника, односно дивеењето на неодговорни навивачи, секој меч за Вардар е двојно поскап.
И јасно е дека на тој начин клубот не се сака туку се оштетува.