Рајо Ваљекано – Севиља 1:1 е епилогот од попладневниот меч во рамките на 26.коло во Ла Лига. Домашните поведоа со голот на Ратиу во 55.минута, и така беше се до 82.минута кога Севиља успеа да израмни на 1:1 со голот на Лукебакио. И двата беа еврологолови, вистинско уживање на „Ваљекас“.
Па така и двете екипи мораа на крајот да се задоволат со бод.
По овој меч, тимот на Рајо Ваљекано сега има 35 бода и се наоѓа на 6.место на табелата, додека Севиља денеска го освои 32 бод и се наоѓа на 12.место.
Секако дека ова коло не е комплетирано, но се гледа дека од шестата до 12 позиција екипите ги делат само три бода.