ФА Куп: Заврши бајката на Плимут, сепак Сити не е Ливерпул!

277

Манчестер Сити успеа да се пласира во 1/4 финалето во ФА Купот откако денеска во меч од осминафиналето во ова натпреварување успеа да слави над Плимут со 3:1. Со ова заврши бајката на тимот од Чемпионпшип ако се знае дека во претходната рунда, овој тим сензационално го елиминираше Ливерпул.

Сепак не беше се така лесно за големиот фаворит. Гостите успеаја да поведат со голот на Таловиеров во 38.минута. Сепак на пауза се замина со 1:1 и тоа благодарение на О`Рајли кој на Сити во 45+1.минута му донесе израмнување.

Истиот играч во 76.минута му донесе водство на Сити за да Де Брујне во самиот финиш на средбата ги постави конечните 3:1.

По денешните средби во 1/4 финалето во ФА Купот се и Кристал Палас, Престон и Борнмут.

ПретходноПо убедливиот пораз од Саса: Сенев не е веќе тренер на Брегалница! (ФОТО)
СледноЕве како Чаби Алонсо скокаше од радост по убедливата победа на Леверкузен во Франкфурт!