Финалниот турнир од Купот на ОФМ повторно во Радовиш

58

Спортската сала „25. Мај“ во Радовиш по вторпат ќе биде домаќин на финалниот турнир од Купот на ОФМ во машка и женска конкуренција, кој ќе се одржи од 3. до 5. април годинава. Одбојкарската федерација на Македонија и општина Радовиш како технички организатор имаа одлична соработка за завршницата на Купот во 2023 година, која сега ќе биде обновена.

Тридневната куп-програма ќе стартува на 3 април (четврток) со полуфиналните дуели во машка конкуренција. Ден подоцна (4 април, петок) на програмата се полуфиналните натпревари кај дамите. На 5 април (сабота) закажани се финалните дуели, прво во женска, а потоа и во машка конкуренција.

Пласман во полуфиналето кај мажите обезбедија бранителот на титулата Штип УГД, Струмица 47&72, Борец и Работнички 71&22. Кај дамите во полуфиналето се најдоа Наковски Волеј, Јанта Волеј КВ, Фит Фан Волеј и Работнички Скопје.

Ждрепката за полуфиналните парови е закажана за 7 март (петок) во 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

ПретходноЦели 12 години на чело на РФМ: Живко Мукаетов на ракометот му даде иднина и го направи спорт број еден во Македонија
СледноИзлезе ново видео: Дончиќ се сврте кон клупата на Далас и имаше кратка порака (ВИДЕО)