Чаир го декласира ТФТ!

117

Што ли се случи вечерва на мечот од 18.коло во нашата елитна кошаркарска лига? Имено тимот на Чаир и тоа како убедливо го совлада ТФТ со 84:62. И не само резултатски, туку и играчки тимот на ТФТ беше декласиран. Уште во првата четвртина која заврши со 31:9, беше јасно кој ќе дојде до победата на оваа средба.

Гостите во продолжение од овој натпревар се обидоа да ја намалат предноста, на моменти и успеваа во тоа, но во последниот периот Чаир одново се разигра и на крајот славеше со +22 поени разлика.

Голема победа за домашниот состав и голем дебакл на составот на ТФТ.

Што е поважно за Чаир е тоа што останува во ТОП 8 на табелата и тоа на четири кола до крајот.

Од друга страна ТФТ никако да излезе од кризата, напротив со овој убедлив пораз истата е уште повеќе продлабочена.

Кога сме кај стрелците, Мофит кај домашните заврши со 23 поени и дабл-дабл, а по 19 поени запишаа Кели и Ролинс.

ПретходноПреполовена казната на “Специјалниот“!
Следно“Метрополитано“ го слави Алварез! Сега Атлетико Мадрид е лидер во Ла Лига!(ВИДЕО)