Изминатата ноќ во НБА беше одбележана со срамен потег на еден од најдобрите кошаркари во светот, Кевин Дурент, на натпреварот на Феникс против Њу Орлеанс. Имено, Дурент кој постигна 17 поени во победата на Санс од 125:108, го удри со тупаница противничкиот кошаркар Карло Матковиќ, кој настапува за хрватската репрезентација.
Дебитантот Матковиќ имаше непријатна средба со Дурент кога го блокираше славниот кошаркар при напад на Пеликанс. Не е јасно што точно го вознемири Дурент, кој потоа ја стегна тупаницата и силно го удри Матковиќ во ребрата. Она што е уште почудно е тоа што Дурент не доби неспортска грешка, а единствената можност е дека лигата подоцна ќе го казни бидејќи видеото докажува дека тој го удрил Матковиќ.
KD took a swing at Karlo Matkovic pic.twitter.com/1pqqBF7buH
— Pelicans Film Room (@PelsFilmRoom) March 1, 2025