Новиот претседател на РФМ порача: Заедно да се залагаме ракометот да остане спорт број 1

494

Македонската ракометна федерација од денеска има нов претседател, Александар Стефанов, кој доаѓа на местото на Живко Мукаетов, кој ја водеше федерацијата во претходните 12 години.

Стефанов најави дека својата функција ќе ја извршува без надомест и дека сака да го продолжи трендот на редовни учества на големите натпреварувања, како и задржување на приматот спорт 1 во Македонија.

ПретходноАлександар Стефанов е новиот претседател на РФМ
СледноФеникс 2010 не попушта: Пет победи во серија, падна и МКК Куманово