После паузата се враќа прволигашката кошарка

45

После паузата поради настап на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2025, денеска продолжуваат мечевите во Првата лига.

На програмата е 18. коло, а во саботната програма има четири меча. Првиот стартува точно на пладне, Феникс е домаќин на Куманово. Феникс се бори да остане на осмото место на табелата, па победата е важна, а додека пак избраниците на Марин Докузовски, се на два бода зад лидерот МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје ќе има лесна задача го пречекува Вардар (17 часот), Шкупи е домаќин на Пелистер (19 часот), додека пак Чаир го пречекува ТФТ (20:30 часот).

ПретходноРаководството на Вардар им одговори на “Комити“ со фактурата која треба да се плати! (ФОТО)
СледноИнзаги: Не ни оди толку добро на големите натпревари како во претходните години