Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Стив Кари, синоќа успеа да постигне кош што го нема постигнато од 2019 година. Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс и НБА за првпат по шест години заби против Филаделфија 76ерс.
Кари заби на брз брејк во последната четвртина од натпреварот по додавањето на Хилд. По натпреварот во кој Филаделфија ја прекина лошата серија со победа од 126:119, прва по девет последователни порази во последниот месец, Кари изјави дека ова му е последно забивање во кариерата.
curry’s last dunk was assisted by kevin durant https://t.co/qaSGo94I1j pic.twitter.com/5OoNz0k2I8
— jack maloney (@jackmaloneycbs) March 2, 2025
„Нема да ме видите повторно како забивам“, рече Кари, кој според многумина е најдобриот шутер на сите времиња, кој последен пат заби во февруари 2019 година кога Вориорс играа против Сакраменто Кингс.
Кари, четирикратен НБА шампион, двапати беше најкорисен играч во НБА и 11-кратен Ол-стар. Двапати ги водеше сите играчи во просек, а во кариерата што започна во 2009 година, одигра 1.007 натпревари со просек од 24,7 поени.
Кари го заврши натпреварот против Филаделфија со 29 поени, пет скока и 13 асистенции. Филаделфија до победата ја предводеше Квентин Грајмс со 44 поени.