Челзи не размислува за промена на тренерот и покрај падот на формата и резултатите на тимот. Лондончани победија само на една од последните четири средби и претрпеа три порази.
Инсајдерот Фабрицио Романо тврди дека односот кон Енцо Мареска во оваа фаза од сезоната е сосема поинаков од оној кон Маурицио Покетино пред една година. И управата и играчите веруваат во Италијанецот и дека тој ќе стане еден од најдобрите стратези во лигата.
Челзи инсистира дека Мареска е недопирлив и се смета за клучен дел од проектот. Клубот во секој случај ќе продолжи да соработува со него, без разлика како ќе поминат последните месеци од сезоната.