Реал (М) без Валверде на првата пресметка со Атлетико (М)?

335

Федерико Валверде би можел да го пропушти дербито со Атлетико (М) во Лигата на шампионите, пишува Релево.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид денеска тренирал индивидуално поради проблем со мускул на бутот. Претходно беше објавено дека Валверде имал непријатност во мускулите повеќе од еден месец, од натпреварот од Купот на Шпанија против Селта на 16 јануари.

Забележано е дека учеството на Уругваецот во дербито со Атлетико во Лигата на шампионите во вторник се уште е под знак прашалник, а одлуката ќе биде донесена утре.

ПретходноГеоргиевски и Рељиќ освоија бронзи на Г1 турнирот во Софија
СледноРаботнички во неизвесна завршница славеше против Тиквеш